Уникатен мултифункционален мотокултиватор со повеќе интересни и практични опции и изведби за работа. Мотокултиваторот е идеален за меѓуредна обработка на поголеми површини со тутун и други култури.

Овој модел е со традиционално добар, проверен и економичен 4-тактен бензински мотор од 9 кс.
Моторот има многу практично решение за користење на чист воздух, преку специјално продолжен филтер за воздух, кој гарантира подолг работен век на моторот.
Специфичност на овој мотокултиватор е фантастично лесното ракување, кога мотокултиваторот се користи за меѓуредна обработка на почвата и можноста за движење во двата правци (напред и назад) со по две брзини и вртење - ротирање на ножевите на фрезата во двата правци.
Исто така има можност за избор на четири брзини на вртење на фрезата.

Во основниот комплет се вклучени:

- 2 броја фрези (што се монтираат позади тркалата), едната со работни широчини од 28 - 30 см., а другата со работни широчини 40 - 50 и 62 см.,
- Метални тркала за меѓуредна обработка, кога се користи потесната фреза,
- Гумени тркала 4.00 х 8.

* Мотокултиваторот има и опција за монтирање на фреза, која се поставува на место на тркалата со поголема широчина 80 - 100 - 120 см.
Покрај работењето со фрези, мотокултиваторот може да врши и останати работи, како: влечење на приколка, орање, браздење итн.

Гаранција: 24 месеци.

Испорака до секое место во Македонија. Мотокултиваторот се испорачува подготвен за работа (наполнет со масло и гориво).
При испорака се врши запознавање со машината и обука за работа на самото место.


Повелете во АГРИА ЦЕНТАР Штип - Единствениот центар за мотокултиватори во Македонија!

Напишете коментар или оценка

Забелешка: HTML-от не е преведен!
    Лош           Добар

Мотокултиватор Weima WMX 650 - A

  • Бренд: WEIMA
  • Шифра на производ: WMX 650 - A
  • Достапност: На залиха