Политика на приватност
Со самото регистрирање како корисник или нарачување на одредени производи или услуги од нашата веб - страница, Вие истовремено давате согласност за Вашите лични податоци да бидат обработувани од страна на Агриа Центар, за наведената цел и ги прифаќате Правилата за политика за користење на системот на електронска трговија.
Вашите лични податоци ќе се користат со цел навремено и точно да можеме да ја испорачаме Вашата нарачка, да Ве информираме за нарачката и да ја наплатиме цената за продадените производи.
Агриа Центар ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија.
Конкретно, лични податоци кои се потребни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број, по потреба ЕМБГ или ЕДБ, а за наплата на производот и информации за Вашата платежна картичка.