За Нас

Фирмата АГРИА ЦЕНТАР од Штип се занимава со увоз, продажба и сервисирање на мала градинарска, хортикултурна и друга механизација, а потесна специјалност е продажбата и сервисирањето на мотокултиватори и приклучна опрема за нив.

Почетокот на нашето работење датира од 1989 год. како представништво на фабриката ХОНДА - Мио Стандард од Осиек - Р. Хрватска, а потоа и како представништво и на ИМТ - Књежевац, Р. Србија. Од 2008 година Агриа Центар работи како независен, директен увозник на нови модели на мотокултиватори.

Во поново време понудата на мотокултиватори е зголемена и со гордост можеме да кажеме дека само кај нас има најголем избор на мотокултиватори, како и дополнителна опрема од различни производители.

Дел од брендовите кои Ви ги нудиме се: Аеробс, Веима, Фортеко, Белини, Гарден Макс, Градина, Лабин Прогрес, ФПМ, Хонда и други.

Ние не продаваме мтокултиватори на слики и каталози. Мотокултиваторите се на залиха и во секое време имаме над помеѓу 15 и 35 различни модели на лагер!

Со успешното надградување и стручно работење Ви овозможуваме:

- Најголем избор на нови мотокултиватори од различни категории и изведби,

- Најповолни цени,

- Најголем избор на приклучна опрема за сите модели на мотофрези и мотокултиватори,

- Понуда на останата земјоделска и градинарска механизација,

- Продажба на големо и мало,

- Испорака до секое место во Македонија,

- Дијагностика, сервис и резервни делови.


Богатото искуство и високата професионалност се нашата силна страна!

Повелете во АГРИА ЦЕНТАР - Единствениот центар за мотокултиватори!