Информации за поврат на средства

Поврат на средства може да се изврши само во случај кога е извршена уплата преку трансакција со платежна картичка или преку налог, по грешка. Повратот се врши преку барање на купувачот и треба да бидеме известени веднаш откако е направена уплатата, пред да се планира испорака на порачката.

Друг случај за поврат на средства е при услови на задоцнета испорака (повеќе од 15 работни денови), освен кога испораката е договорена со купувачот за одреден термин, кој може да го надминува предвидениот рок.

Купувачот е должен во прилог на приговорот за поврат на паричниот износ да достави и доказ за потврдената уплата и / или извод од банката за извршената трансакција.

По извршена испорака на производот нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ.